Error message

  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 687 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 690 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 691 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 692 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 695 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 697 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in include_once() (line 302 of /home/darismk/public_html/sites/default/settings.php).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in include_once() (line 303 of /home/darismk/public_html/sites/default/settings.php).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in include_once() (line 311 of /home/darismk/public_html/sites/default/settings.php).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in include_once() (line 318 of /home/darismk/public_html/sites/default/settings.php).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_settings_initialize() (line 791 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).

Новости

22.03.2016 Се одржа првиот технички напреден семинар на тема „Најнови технологии за громобранска заштита“. Семинарот беше поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој и Комората на овластени архитекти и инженери на Македонија. Огромната бројка на пријавени заинтересирани учесници (околу 220) покажа дека предметната проблематика предизвикува навистина голем интерес кај Македонската стручна јавност. Семинарот го отвори Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) од Скопје, Проф. Д-р Миле Станковски. Излагачи на семинарот беа повеќе стручни лица од Дарис инженеринг, ФЕИТ, Искра АТГ и Кроација осигурување. Повеќе за овој семинар можете да прочитате тука.

 

24.11.2015     Започна процедурата за стекнување меѓународно право за признавање на патент за модуларниот громобрански фаќач ВЕДА ТОТАЛ. Постапката вообичаено ќе се води пред Европската патентна организација (EPO - European Patent Organisation) и Светската организација за заштита на интелектуалната сопственост (WIPO - World Intellectual Property Organization). Реномираната агенција за интелектуална сопственост БЕРИН од Скопје е овластената куќа која ќе ги води сите неопходни постапки пред односните организации.

 

28-30.09.2015     Управителот на Дарис инженеринг ДООЕЛ, м-р Петре Ристески дипл.ел.инж зема активно учество на редовната годишна конференција на МакоСИГРЕ 2015. Конференцијата се одржа во хотелот Метропол на брегот на прекрасното Охридско езеро.

Г-н Ристески настапи со два научни трудови: „Компаративна анализа на бројот и типовите громобрански фаќачи со уред за рано стартување инсталирани во Република Македонија“ и „Модуларен громобрански фаќач ВЕДА ТОТАЛ“. Двете презентации беа проследени со значаен интерес од големиот број посетители и со голем број интересни прашања. Презентацијата заврши со демонстрација на работењето на модуларниот громобрански фаќач ВЕДА ТОТАЛ.

 

27-28.07.2015     Успешно се завршија лабораториските испитувања на громобранските фаќачи ВЕДА ТОТАЛ DТ=45ms и ВЕДА ТОТАЛ DТ=30ms согласно стандардот NF C 17-102:Annex C.

Истовремено беа успешно спроведени и лабораториските тестови согласно барањата за Electromagnetic Compatibility (2004-108-EC) за громобранските фаќачи ВЕДА ТОТАЛ и бројачот на удари на молња БУМ-10.

 

22.05.2015     Се потпиша Договор за грант со Фондот за иновации и технолошки развој на Република Македонија (ФИТР) за проектот под наслов „Модуларен громобрански фаќач ВЕДА ТОТАЛ“. Со овој Договор е предвидено покривање на трошоците во висина од 85% од страна на ФИТР за лабораториски испитувања на модуларните громобрански фаќачи ВЕДА ТОТАЛ DТ=45ms, ВЕДА ТОТАЛ DТ=30ms и ВЕДА ТОТАЛ DТ=15ms; покренување на постапките за стекнување меѓународно право за признавање на патент за модуларните громобрански фаќачи ВЕДА ТОТАЛ во постапка која ќе се води пред Европската патентна организација (EPO - European Patent Organisation) и Светската организација за заштита на интелектуалната сопственост (WIPO - World Intellectual Property Organization); развој на софтвер за проектирање громобрански инсталации; маркетинг промоција во неколку печатени медиуми; изработка на официјалната интернет страница на Дарис инженеринг ДООЕЛ; организирање промотивна работилница на тема „Најнови технологии за громобранска заштита“ и други придружни активности.