Error message

  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 687 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 690 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 691 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 692 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 695 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 697 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in include_once() (line 302 of /home/darismk/public_html/sites/default/settings.php).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in include_once() (line 303 of /home/darismk/public_html/sites/default/settings.php).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in include_once() (line 311 of /home/darismk/public_html/sites/default/settings.php).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in include_once() (line 318 of /home/darismk/public_html/sites/default/settings.php).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_settings_initialize() (line 791 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).

Обуки и работилници

На ден 22.03.2016 во организација на Дарис инженеринг ДООЕЛ се одржа првиот технички напреден семинар на тема „Најнови технологии за громобранска заштита“. Семинарот беше поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој и Комората на овластени архитекти и инженери на Македонија. Огромната бројка на пријавени заинтересирани учесници (околу 220) покажа дека предметната проблематика предизвикува навистина голем интерес кај Македонската стручна јавност. Семинарот го отвори Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) од Скопје, Проф. Д-р Миле Станковски. Излагачи на семинарот беа повеќе стручни лица од Дарис инженеринг, ФЕИТ, Искра АТГ и Кроација осигурување.

Ни претставува особено задоволство да им се заблагодариме на сите излагачи, учесници, гости и претставници на медиумите што имавме чест во нивно присуство да ја презентираме планираната материја.

Заради својата обемност, семинарот беше поделен во два дела;

  • Во првиот дел, м-р Петре Ристески дипл.ел.инж. – Управител на Дарис инженеринг ДООЕЛ – презентираше подробни информации за молњата и типовите молњи, нивната појава, развој, празнење и последиците кои ги предизвикуваат. Потоа м-р Благоја Марковски дипл.ел.инж. – асистент при ФЕИТ Скопје – презентираше детали за ефектите на громобранските заземјувачи при удар и празнење на молња. Проф. Д-р Владимир Димчев дипл.ел.инж. во својата презентација се осврна на постоечките релевантни стандарди за предметната проблематика, а на крајот г-н ЉубишаНиколовски дипл.ел.инж. – претставник на фирмата Искра АТГ од Скопје – претстави неколку мерни инструменти за мерење на отпорот на заземјување кај изведени громобрански заземјувачи.

  • Во вториот дел на семинарот, м-р Петре Ристески дипл.ел.инж. – управител на Дарис инженеринг ДООЕЛ – ги претстави постоечките типови громобрански технологии, со посебен осврт на раностартувачките громобрански фаќачи. Посетителите за првпат имаа можност да погледнат што всушност се „крие“ во конструкцијата на неколку најпопуларни брендови громобрански фаќачи со уред за рано стартување кои се инсталираат во Република Македонија. Следуваше презентација на најсовремениот громобран на денешницата – модуларниот громобрански фаќач ВЕДА ТОТАЛ, неговата конструкција, карактеристики, принцип на работење и придружната опрема и споредба со постоечките типови громобрани. Оваа презентација се заокружи со видеоанимација за принципот на работа на громобранот ВЕДА ТОТАЛ која можете да ја погледнете тука. Исто така, м-р Петре Ристески го презентираше и современиот апликативен софтверски пакет VedaCAD наменет за проектирање громобрански инсталации со громобрански фаќачи ВЕДА ТОТАЛ. Софтверот е развиен од фирмата Дарис инженеринг ДООЕЛ Скопје со финансиска поддршка на ФИТР. VedaCAD е единствениот софтвер од оваа проблематика во светот со Македонски кориснички интерфејс и со можност за едноставно димензионирање на нивото на громобранска заштита, заштитните зони, носечките јарболи и громобранските заземјувачи, со краен резултат комплетен проект за громобранска заштита. Во овој дел од семинарот презентација имаше и г-ѓа Лидија Глигорова – претставник на Кроација осигурување – која го претстави начинот на осигурување од удар на молња и придружните штетни последици од групата осигурувања од пожари.

 

Посетителите на семинарот се стекнаа со соодветен сертификат за учество и сет со материјали од одржаниот семинар.

 

На крајот на семинарот беше спроведена анкета за задоволството на посетителите на семинарот од изложените содржини. По анализата на обработените се добија следните информации:

  1. Од вкупно пријавени околу 220 заинтересирани, на семинарот учествуваа или го посетија вкупно 176 учесници или гости;

  2. На семинарот земаа учество и петнаесетина студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје;

  3. Презентираната материја беше поделена и во печатена форма во материјалите (регистратори) кои им беа доделени на учесниците;

  4. Сите печатени материјали можат да се најдат и во електронска форма на CD-ROM дискот во внатрешноста на доделениот регистратор;

  5. Презентациите кои од оправдани причини не се најдоа во доделените материјали, се обидовме да ви ги испратиме во електронска форма во прилог на овој допис, но вашето електронско сандаче ги одбива со образложение дека се преголеми. Ве молиме за информација на кој начин да ви ги испратиме овие презентации;

  6. Заради огромниот број учесници на семинарот и неопходната обемна компјутерска обработка, планираните сертификати за учество ќе им бидат испратени по пошта на сите учесници во најкус можен рок по нивната изработка;

  7. Од анализираните податоци од спроведената анкета на самиот семинар, од вкупно 176 присутни, анкетниот прашалник го пополниле 138 лица или 78,41% од присутните. Со анализа на овие податоци добиени се следните резултати:

  • Средната оценка на семинарот изнесува 4,67 од можни 5,00;

  • Средната оценка за организацијата на семинарот изнесува 4,60 од можни 5,00;

  • Средната оценка за предавачите ангажирани на семинарот изнесува 4,61 од можни 5,00;

  • Средната оценка за новиот концепт на интелигентни модуларни громобрани изнесува 4,86 од можни 5,00;

  • Изложените содржини на семинарот ги исполниле очекувањата на 99,28% од учесниците;

  • На прашањето „Дали информациите стекнати на семинарот ќе бидат корисни за вас?“, учесниците одговориле:

  • Дефинитивно – 70 учесници;

  • Главно да – 55 учесници;

  • Можеби – 11 учесници;

  • Воопштно не – 1 учесник;

  • Не одговориле – 1 учесник.

  1. Поголем број учесници поставија свои прашања и доставија предлози и сугестии за можни теми за одржување на следен настан со слична проблематика. Овие предлози ќе бидат детално анализирани и систематизирани при подготовката на следниот семинар.

 

Огромна благодарност упатуваме кон Фондот за иновации и технолошки развој кој во рамките на проектот „Модуларен громобрански фаќач“ овозможи организирање на овој семинар.

Посебна благодарност упатуваме кон Комората на овластени архитекти и инженери и кон Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје кои го поддржаа организирањето на семинарот.

Им се заблагодаруваме и на сите предавачи кои со своите презентации го збогатија семинарот и овозможија неговата содржина да биде корисна, интересна и да ги исполни очекувањата на учесниците.

 

 

 Дарис инженеринг и понатаму останува на располагање за соработка на сите заинтересирани за појаснување на евентуални неодговорени прашања, за консултации и за евентуална помош при изведба на громобрански инсталации со модуларниот громобрански фаќач ВЕДА ТОТАЛ – врвот на громобранската заштита.