Error message

  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 687 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 690 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 691 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 692 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 695 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 697 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in include_once() (line 302 of /home/darismk/public_html/sites/default/settings.php).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in include_once() (line 303 of /home/darismk/public_html/sites/default/settings.php).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in include_once() (line 311 of /home/darismk/public_html/sites/default/settings.php).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in include_once() (line 318 of /home/darismk/public_html/sites/default/settings.php).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_settings_initialize() (line 791 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).

Истражување и развој

Дарис инженеринг ДООЕЛ вложува значителни човечки и материјални ресурси во истражување и развој на нови производи и технологии. 
Компанијата прави постојан стремеж целокупниот развој да го темели на примената на највисоки технолошки стандарди, решенија со врвна технологија и најнови научни сознанија.
Научните дисциплини во кои делува компанијата, овозможува примена на постигнатите технички решенија во сите свои полиња на делување.
 
Ние во Дарис инженеринг ДООЕЛ сметаме дека современиот дизајн и постојаниот развој на нови производи се суштински фактор за опстанок на компанијата на пазарот. Делувајќи во индустрии кои се менуваат и се развиваат брзо, Дарис инженеринг ДООЕЛ континуирано ги ревидира своите дизајни и палетата на производи. Тоа е неопходно заради постојаната промена и развојот на технологиите, заради агресивното присуство на конкурентските производи, и конечно најважното - заради менувањата на потребите на нашите потрошувачи.
Освен програмите за истражување и развој, фирмата се потпира и на соработка со други научно-истражувачки центри, стратешки здружувања со сродни компании и со адаптирање на своите производи кон иновативните решенија на други производители.
 
Маркетиншкиот настап на компанијата е воден во правец на поставување на потребите на потрошувачите на прво место. За таа цел нудиме само производи со висока употребна вредност.
За увид на потребите на клиентите, континуирано се вршиме соодветни истражувања на пазарот, со кои ги анализираме прибавените податоци и ја дефинираме приоритетната понуда на компанијата.
 
Дарис инженеринг ДООЕЛ е компанија која со гордост може да истакне дека е технолошки лидер во своите области. Научните достигнувања на компанијата ги дефинираат правците на развој во неколку индустриски гранки.  Развојот на дел сопствени производи поттикнува можности за промена на повеќе специфични индустриски стандарди. Технолошкиот напредок пред својата конкуренција овозможува сигурно присуство на пазарот но не и состојба на комоција туку напротив зголемен мотив за уште поголем научен ангажман и дострел до нови и сеуште неоткриени технологии. Конечно, развиените технологии и неисцрпните идеи за потенцијални производи инспирирани од потребите на индустријата и нашите клиенти, постојано го зголемува бројот на пријавени патенти, јавни промоции и новообјавени научни трудови на реномирани научни настани.
Дарис инженеринг ДООЕЛ со посебна гордост може да се пофали дека како високотехнолошка компанија, во 2014 година имаше интензитет на вложените средства за истражување и развој кои изнесуваа над 10,6% од вкупниот буџет на компанијата. Овој процент во 2015 година се искачи над 43,1% благодарение на Договорот кој Дарис инженеринг ДООЕЛ го потпиша со Фондот за иновации и технолошки развој за доделување средства преку инструментот Kофинансирани грантови за старт-ап, спин-оф трговски друштва и иновации за проектот „Модуларен громобрански фаќач ВЕДА ТОТАЛ“. Според плановите за буџетот за 2016 година, се очекува над 30% од средствата од буџетот на Дарис инженеринг ДООЕЛ повторно да бидат наменети за истражување и развој.