Error message

  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 687 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 690 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 691 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 692 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 695 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 697 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in include_once() (line 302 of /home/darismk/public_html/sites/default/settings.php).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in include_once() (line 303 of /home/darismk/public_html/sites/default/settings.php).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in include_once() (line 311 of /home/darismk/public_html/sites/default/settings.php).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in include_once() (line 318 of /home/darismk/public_html/sites/default/settings.php).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_settings_initialize() (line 791 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).

Катодна заштита

Корозијата на цевководите, резервоарите, армирано-бетонските и другите метални конструкции секоја година предизвикуваат огромни економски загуби.

За пасивна заштита од ризикот од корозија, металите се заштитуваат со соодветни премази и облоги. Сепак, и покрај мерките за пасивна заштита, знаците на корозија се појавуваат во рок од само неколку години.

 

Примената на заштитни мерки за активна катодна заштита обезбедува сигурна и безбедна заштита на металот со децении. Едноставно кажано, катодната заштита од корозија воспоставува заштитна струја против корозијата, а со тоа и ја запира корозијата.

Системот за катодна заштита може да биде превентивно инсталиран на нови конструкции, но и како рехабилитациска мерка кај постоечки инсталации.

 

Инсталациите за катодна заштита се проектираат за работен век подолг од 20 години. За нивна исправна работа потребно е тие редовно да се контролираат и да се одржуваат. На овој начин, прекините на работењето и скапите поправки стануваат дел од минатото.

 

Со инсталирање на нашите системи за катодна заштита можете долгорочно да ја зачувате вредноста на вашите конструкции и опрема.

Од консалтинг, инженеринг и проектирање до инсталирање и одржување на инсталациите за катодна заштита, примената на соодветните мерни техники и трговија со производи за катодна заштита – Дарис инженеринг ДООЕЛ е посветена на највисок квалитет и сигурност.

 

 

 

ПРИМЕНА КАЈ СИТЕ ВИДОВИ МЕТАЛНИ КОНСТРУКЦИИ:

  • Цевководи за вода, нафта и гас
  • Резервоари за вода, нафта и гас
  • Системи за дистрибуција на гас
  • Станици за течен гас и хемиски станици
  • Бензински и гасни станици и пумпи
  • Постројки за третман на отпадни води
  • Рафинерии за нафта и масло
  • Електрични централи
  • Разладни кули
  • Водени базени
  • Мостови и гаражи
  • Армирано-бетонски структури