Error message

  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 687 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 690 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 691 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 692 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 695 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_environment_initialize() (line 697 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in include_once() (line 302 of /home/darismk/public_html/sites/default/settings.php).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in include_once() (line 303 of /home/darismk/public_html/sites/default/settings.php).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in include_once() (line 311 of /home/darismk/public_html/sites/default/settings.php).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in include_once() (line 318 of /home/darismk/public_html/sites/default/settings.php).
  • Warning: ini_set() has been disabled for security reasons in drupal_settings_initialize() (line 791 of /home/darismk/public_html/includes/bootstrap.inc).

Термометрија и Термовизија

Дарис инженеринг ДООЕЛ нуди автоматизирани термометриски инсталации кои се интегрираат во индустриски процеси за да обезбедат непрекинато следење на температурите. Нашите системи им овозможуваат на инженерите далечински да ги нагодат сензорите и да ги следат мерењата. Од минијатурни, едноточкови сензори, до софистицирани системи за снимање со прилагоден кориснички интерфејс, процесните системи кои ги нудиме овозможуваат прецизно и доверливо следење на температурите во пребирливи индустриски процеси во секоја фаза од производството и обработката на материјалите во практично сите индустрии:

  • метал
  • стакло
  • полуспроводници
  • петрохемиски производи
  • цемент
  • пластика
  • лекови
  • храна итн.

Индустриските апликативни решенија кои ги нуди Дарис инженеринг ДООЕЛ овозможуваат доверливи, исплатливи и лесни за употреба решенија за мерење температура. Нашата посветеност на услугата и постпродажната поддршка претставуваат основа за долготрајно партнерство со нашите клиенти. Со намалувањето на празниот óд и отпадот и со унапредувањето на ефикасноста и продуктивноста, нашите производи обезбедуваат моментни и значајни заштеди на време и средства.

Термометри 

Температурата е еден од најважните параметри во следењето и управувањето со процесите во областа на науката, технологијата и индустријата. Контролираната температура е од клучно значење за продуктивноста и за квалитетот на крајниот производ. На пример, ако температурата на излевање на течниот челик не е во ред, тогаш или нема да се произведе добар материјал или процесот ќе доведе до залудно губење на енергија и време.

Следењето на температурата во секоја фаза од производствениот процес може да покаже дали процесите работат во рамките на нивните дефинирани граници и дали и колку е потребно нагодување.

Температурните мерења овозможуваат точна мерна следливост за материјалите да ги задржаат декларираните својства со производната технологија.

 

За мерење на температурата се користат цела низа разновидни термометри. Тие се разликуваат како според принципот на мерење, така и според мерното подрачје на кое можат да се применуваат.

Температурните сетила (сензори) кои се користат за термички мерења се делат на контактни и бесконтактни.

Мерните инструменти за мерење на температурата се нарекуваат термометри.

Специфичните мерни инструменти кои температурните мерења ги прават далечински и бесконтактно се нарекуваат пирометри. Тие всушност го мерат инфрацрвеното топлотно зрачење кое го емитуваат загреаните тела. Оваа постапка се нарекува инфрацрвена (ИЦ) термометрија.

 

Инфрацрвената (ИЦ) термометрија ја мери енергијата која природно се емитува од сите објекти, без контакт со нив. Ова дозволува брзо и сигурно мерење на температурите на објектите кои се движат, екстремно се топли или недостапни. Таму каде што контактниот инструмент може да ја промени температурата, да оштети или загади производ, бесконтактниот термометар дозволува прецизно мерење.

Овие сензори исто така се користат и во апликации во кои високата температура на метата може да го оштети или уништи сензорот на контактниот термометар.