Свет на егзотични технологии
- За нас
- Сертификати за квалитет
- Презентации
- Обуки и работилници
- Каталози
- Награди
- Партнери
- Како да не најдете
Дарис инженеринг ДООЕЛ Скопје започнува со работа во 2014 година со скромна палета од дејности, вклучително и организирано сопствено производство на опрема за громобранска заштита.
Агресивниот комерцијален настап и извонредниот квалитет на производите и услугите кои фирмата ги понуди овозможија Дарис инженеринг ДООЕЛ за кратко време да стане реномирана компанија препознатлива на пазарот во Македонија и пошироко.
Гаранција за квалитетот на сопственото производство, производите и услугите се образованиот кадар со бројни квалификации, континуираните обуки и богатото работно искуство на персоналот на компанијата и стручните соработници.
Компанијата е етаблирана со препознатлив квалитет во областа на проектирање, дистрибуција, производство, монтажа на опрема и изведба на комплетни системи од следните области:
- сопствено производство на модуларни громобрански фаќачи со уред за рано стартување (ГФУРС) тип ВЕДА ТОТАЛ;
- сопствено производство на бројачи на удари на молња, далечински соларни тестери за громобрани и придружна громобранска опрема;
- изведба и контрола на системи за громобранска заштита;
- стручна техничка помош за демонтажа на радиоактивни громобрани (РАГ);
- заземјувачки системи;
- компензација на реактивна енергија;
- антикорозивна катодна заштита - изведба, сервис и контрола;
- фотоволтаични системи за електрично напојување (островски и вмрежени);
- системи за автоматско управување;
- електрично осветление;
- осветление со дневни светилки без електрично напојување;
- контактно и бесконтактно мерење температури во индустријата;
- системи за детекција на гасови;
- изведба на електрични инсталации во експлозивна (Ех) изведба;
- „паметни“ електрични системи и инсталации;
- специјални електрични системи на барање на клиентите;
- мерни инструменти за електрични и неелектрични големини;
- овесна и спојна опрема (вкрсни спојки, шелни, држачи и слично);
- изработка на проекти, студии и стручни извештаи.
Дарис инженеринг ДООЕЛ со гордост може да се пофали со реномето на огромно кумулативно искуство на својот персонал и стручните соработници со произведени, проектирани, инсталирани и контролирани системи за громобранска заштита, радиоактивни громобрани и громобрански фаќачи со уред за рано стартување кај околу 500 громобрански системи во Република Македонија.
Целокупното производство и понудените услуги на компанијата се унифицирани со процедури сертифицирани согласно стандардот ISO 9001:2008.
За сите понудени производи и услуги компанијата Дарис инженеринг ДООЕЛ на своите клиенти и соработници им нуди беспрекорна постпродажна стручна техничка поддршка, наменски обуки и сервис.
Мисија на компанијата е постојано проширување на асортиманот на сопствени производи и услуги, при што тоа задолжително да се работи најпрофесионално и навремено. На клиентите да им се нудат и испорачуваат производи и услуги со врвен квалитет и високоефикасни системски решенија со најнова технологија и автентичен know-how.
Целокупното работење на компанијата се извршува флексибилно и прилагодено согласно најпребирливите барања на клиентите.
Дарис инженеринг ДООЕЛ продолжува со вложувања во развој на нови технологии и иновативни решенија со постојан стремеж за зголемена застаеност на домашниот пазар и пробив на странските пазари.
Целокупното работење на Дарис инженеринг ДООЕЛ е унифицирано со процедури сертифицирани согласно стандардот ISO9001:2008.
Сертификацијата на IQNet менаџмент системот е изведена од страна на реномираната компанија Cro Cert.
Примената на стандардот ISO 9001:2008 придонесе Дарис инженеринг ДООЕЛ уште повеќе да го подигне квалитетот на своите производи и услуги во сите фази на работењето - организација, маркетинг, проектирање, истражување и развој, дизајнирање, производство и инсталација на опремата.
Постојаното подобрување на процедурите придонесува за раст на задоволството кај нашите корисници чија оценка на нашето работење е врвен приоритет на компанијата.
28-30.09.2015
Управителот на Дарис инженеринг ДООЕЛ, м-р Петре Ристески дипл.ел.инж зема активно учество на редовната годишна конференција на МакоСИГРЕ 2015. Конференцијата се одржа во хотелот Метропол на брегот на прекрасното Охридско езеро.
Г-н Ристески настапи со два научни трудови: „Компаративна анализа на бројот и типовите громобрански фаќачи со уред за рано стартување инсталирани во Република Македонија“ и „Модуларен громобрански фаќач ВЕДА ТОТАЛ“. Двете презентации беа проследени со значаен интерес од големиот број посетители и со голем број интересни прашања. Презентацијата заврши со демонстрација на работењето на модуларниот громобрански фаќач ВЕДА ТОТАЛ.
07.07.2014
Во рамките на невладината организација е-мобилност која се одржа на Машинскиот факултет во Скопје, Управителот на Дарис инженеринг ДООЕЛ, м-р Петре Ристески дипл.ел.инж. ја одржа првата официјална јавна презентација на тема „Громобрански фаќач со систем за изокераунички мониторинг“. Видео снимка од оваа презентација можете да погледнете на интернет порталот YouTube преку следниот линк.
НАЈАВА
Во периодот март/април 2016 година, во термин кој ќе биде дополнително објавен, ќе се одржи работилница на тема „Најнови технологии за громобранска заштита“. На работилницата ќе бидат презентирани најновите начини за димензионирање на громобранските заземјувачи, презентација на најсовремениот громобрански фаќач на светот ВЕДА ТОТАЛ и официјална промоција на софтверот за проектирање громобрански инсталации, специјално развиен од Дарис инженеринг ДООЕЛ Скопје.
На оваа работилница посетителите за првпат ќе имаат можност да погледнат што всушност се „крие“ во конструкцијата на неколку најпопуларни брендови громобрански фаќачи со уред за рано стартување кои се инсталираат во Република Македонија и споредбено каква е конструкцијата и карактеристите на громобранскиот фаќач ВЕДА ТОТАЛ.
Посетителите на работилницата ќе добијат соодветен сертификат за учество и сет со материјали од одржаната работилница.
Сите заинтересирани можат да го пријават својот интерес за учество на оваа работилница со доставување сопствени податоци тука, по што навремено ќе бидат известени за точниот термин и условите за учество на работилницата.
Shortocd 1
Дарис инженеринг ДООЕЛ
- 📧 ул. Алексо Демниевски бр.7, 1060 Скопје, Република Македонија
- ☎️ 075 530 592
- ✉️ daris@daris.mk