Свет на егзотични технологии

Громобранската заштита е една од приоритените дејности на Дарис инженеринг ДООЕЛ. Таа е резултат на нашата определба за континуиран развој, стручно усовршување и несебично вложување.

Дарис инженеринг ДООЕЛ е единствена компанија во Република Македонија и пошироко со комплетно заокружено работење во сите фази на дејноста – проектирање на громобрански инсталации, производство на опрема за громобранска заштита, монтажа на опремата на објект, мерење на параметрите на изведена инсталација и издавање придружни сертификати.

Сите активности се одвиваат согласно сертифицирани процедури според стандардот ISO 9001:2008.

Опремата за громобранска заштита е придружена со соодветни декларации, сертификати и лабораториски потврди за извршените испитувања и задоволување на соодветни стандарди.