Бројачот на удари на молња БУМ-10 е проектиран за употреба со громобранските фаќачи ВЕДА ТОТАЛ.
БУМ-10 може да се монтира било каде вдолж одводниот спроводник.
Наменет е да го регистрира бројот на удари на молња прифатени од громобранскиот фаќач и спроведени од одводниот спроводник.
Вградениот аналоген бројчаник овозможува едноставно читање на бројот на регистрирани удари на молња.
БУМ-10 е потполно автономен. За својата работа не користи надворешно електрично напојување, туку го користи ефектот на индуциран напон при поминувањето на струјата на молњата низ одводниот спроводник.
Проверка на исправноста на уредот може едноставно да се направи
на лице-место со батерија од 9V.