ВЕДА ТОТАЛ

ПРВИОТ „ПАМЕТЕН“ ГРОМОБРАН НА СВЕТОТ
СО ВГРАДЕН УРЕД ЗА РАНО СТАРТУВАЊЕ

ВРВ НА ГРОМОБРАНСКАТА ЗАШТИТА
СО МОДУЛАРНА НАДГРАДЛИВОСТ

Громобранските фаќачи ВЕДА ТОТАЛ гарантираат изведба на безбеден и ефикасен систем за заштита на објекти и отворени простори од директен удар на молња. Конструирани и изработени се четири модели со различни радиуси на заштита.

Испитани и сертифицирани се во меѓународната акредитирана лабораторија ICMET Craiova за потполно задоволување на критериумите на македонскиот стандард МКС Н.Б4.810:2000 и меѓународно прифатените стандарди за громобранска заштита NFC 17-102:2011 (Annex C) и UNE 21.186.

За првпат во еден громобран постои можност да се вгради електронски уред за рано стартување кој користи најнова микропроцесорска електроника со технички најнапредна технологија за детекција на молњи во непосредната и подалечната околина.

Дополнителните можности за комуникација и брза размена на податоци преку FDDE технологија (Fast Dynamic Data Exchange) со соседни и подалечни громобрански фаќачи од овој тип овозможува гарантирана заштита на обезбедуваните објекти и отворениот простор околу нив.

Додатните модули со опции за интернет-поврзување со терестријални, хидрометеоролошки и сателитски системи за рано предупредување и дојава за наближување на грмотевично невреме, го прави громобранскиот фаќач ВЕДА ТОТАЛ единствен комуникативен громобран на светот.

Инсталирањето софтвер со алгоритам за рано стартување овозможува автоматско самостојно или здружено интелигентно донесување одлуки за навремено активирање на неопходните склопови заради брза реакција при надоаѓање на молњата и создавање услови за пораст на најбрз стример.

Модуларните опции за идентификација, книга на значајни настани, самодијагностика, број на примени удари на молња, алармна дојава при наидување грмотевично невреме, можност за комуникација со корисникот и интегрираност во светскиот систем за детекција на молњи се особености кои се првпат применети кај еден громобрански фаќач.