Далечински Соларен Тестер за громобрани Веда Тотал ДСТ-10

Громобранските фаќачи честопати се монтираат на тешко пристапни места.

Некои места за контрола се опасни по живот.

Сепак, контрола на исправноста на громобранските фаќачи мора редовно да се прави согласно стандардите.

За таа цел е проектиран далечинскиот соларен тестер за громобранските фаќачи ВЕДА ТОТАЛ.

Едноставно се инсталира на носечкиот јарбол.

 

Овозможува безжична контрола на громобранскиот фаќач со помош на далечински управувач на растојанија до 100m.

Процедурата на тестирање е со само еден клик и трае само неколку секунди.

Резултатот од тестирањето се отчитува на самиот далечински управувач.

Без разлика дали е дење или ноќе, тестирањето може да се направи во секое време.

Комуникацијата помеѓу уредите е со радиобранови емитувани само при тестирањето.